Светското клупско првенство во 2021 година нема да се одржи во Јапонија како што беше предвидено затоа што оваа држава се откажа од организирање на настанот. Причините се големите рестрикции поради здравствената криза со што Јапонија е оневозможена нормално и успешно да го организира собирот на најдобрите светски фудбалски клубови во декември оваа година.
„Ризикот за зголемување на бројот на инфекции и тешкотиите да се направи профит поради лимитираниот број на гледачи влијаеја врз оваа одлука“, изјавија од ФА на Јапонија.
Од ФА на Јапонија соопштија и дека разговараат со ФИФА за евентуално одложување на настанот за крајот или јануари или почетокот на февруари 2022 година па да се види дали ќе може да се организира на Јапонија.
Да потсетиме турнирот претходната година беше одложен за во февруари 2021 година во Катар и триумфираше Баерн Минхен.