Јубилеј: Вечерва Алиоски по 50-ти пат ќе игра за Македонија!

118

 

Езџјан Алиоски, еден од нашите најдобри фудбалери во последните неколку години, вечерва против Романија ќе го одигра својот 50-ти натпревар во дресот со државниот грб.

Популарниот Џани, кој ова лето се пресели од Лидс Јунајтед во Ал-Ахли од Саудиска Арбија, веќе осум години е дел од нашиотнационален состав.Своето деби го имаше во 2013 година. Претходно, под 2010 до 2014 година, играше и за младите У-19и У-21 селекции на Македонија.

Џани во исминатите 49 меча постигна и 10 голови, со што по Александар Трајковски, е најдобриот стрелец во оваа генерација.

Во случај да влезево игра, својот 50-ти настап ќе го забележи и Кире Ристевски.

Да им посакаме и на двајцата јубилејот да го прослават со победа над Романија.

ПретходноИ во Битола ќе се игра ракомет пред публика
СледноВиктор Треневски нов тренер на Грбаљ