Три меча, три добри игри и три ремија под водство на новиот селектор Благоја Милевски. Да, добри игри, но недоволни да се победи Ерменија, Исланд и Романија вечерва.
Ако е еднаш, тогаш е во ред. Но ова се случува трипати по ред за само шест дена, и тоа е веќе симптоматично. Оваа Македонија едноставно и треба нешто, нешто повеќе… за да почне да победува.
Факт е дека имаме посед, имаме игра, но искрено немаме стопроцентни шанси, ако го исклучиме мечот во Рејкјавик. Недостига и дефинитивно тој “фантазиста“ и точка. Ако сакаме да почнеме да победуваме мораме таков профил на играч да пронајдеме. Вака само ќе се фалиме дека играме добром, но сме немале среќа.
Секоја чест за Барди. Иако се повреди во 48.минута, и тоа задната ложа, тој стисна заби и одигра колку што можеше до таа 90.минута.
И така Благоја Милевски на почетокот од својот мандат како селектор веројатно ќе биде наречен – Боби МИСТЕР Х.
Три меча, три ремија, без пораз, но и без победа.
Штета, а можеше да биде понаку. Барем со два бода повеќе сега ќе бевме на тоа второ место во групата Ј и ќе имавме добри шанси за бараж за пласман на СП во Катар 2022.
Вака…