Во мечот од 2. коло од африканските квалификации за Светското првенство помеѓу Танзанија и Мадагаскар е досуден најбрзиот пенал во историјата на фудбал, а судијата на белата точка покажа после само пет секунди.
Домашните играчи тргнаа од центарот кон противничкиот шеснаесетник на Мадагаскар, а гостинскиот стопер ја промаши топката и му дозволи на противничкиот играч да влезе во казнениот простор, а голманот го фаулира по што судијата покажа на 11 метри.
До сега рекордот го држеше пенал во Англија на мечот меѓу Честер и Витон Албион кој е досуден во шестата секунда и тоа на меч кој не се смета за „професионален фудбал“. Кога станува збор за репрезентации најбрзиот пенал е свирен во 2014 година на мечот Црна Гора-Гана и тогаш судијата покажа пенал во десеттата секунда.
— Oscar (@osmilthirteen) September 7, 2021