Камавинга ја донесе фамилијата на презентацијата во Реал Мадрид

868

Францускиот младински репрезентативец Едуардо Камавинга денеска го потпиша договорот со Реал Мадрид до летото 2027 година. Ова е голем ден за Камавинга, а тоа го одбележа со стил – целата фамилија дојде на неговата презентација како нов играч на „кралевите“.

По завршувањето на документацијата, 18-годишниот фудбалер се запозна и со соиграчите и со тренерот Карло Анчелоти и го одработи првиот тренинг.

„Пред една година некој да ми кажеше дека ќе бидам во Реал Мадрид немаше да му поверувам. Напред Мадрид!“, беа првите зборови на сега веќе екс-играчот на Рен.

Реал плати 31 милион евра за Камавинга, а ќе плати плус 9 милиони во бонуси.

ПретходноМакедонија вечерва во црвена опрема, а Романците во сина!
СледноХаланд: „Не давам многу голови, сакам да имам повеќе голови од натпревари“