Куман за заминувањето на Пјаниќ: Други играчи се подобри од него и тоа е тоа!

251

Миралем Пјаниќ сезонава ќе игра во Бешикташ како позајмен фудбалер. Босанецот не играше во Барселона, а не е во плановите на Роналд Куман па во негов интерес е испратен во друга средина, требаше во Јувентус но двете страни не се договорија, па фудбалерот заврши во Бешикташ.

Пјаниќ изрази разочарување од холандскиот тренер.

Куман не ме почитува. Никогаш не зборуваше со мене. Искрено се уште не знам што сака од мене. Имав Ковид кога дојде, не почнав на време да тренирам. Тренерот никогаш не ме претстави на групата како сите други играчи. Од самиот почеток се беше многу чудно. Професионалец сум, можам да сватам дека не сметаат на мене, но некој мораше да ми објасни зошто. Па немам 15 години да си играат со мене. Никогаш не ми даде шанса. На секој меч кој го играв ме ставаше на различни позиции. Искрено, се прашувам каде погрешив. Можеби не му се допадна тоа што зборев пред новинарите, можеби нешто друго… Не знам, а би сакал да ми каже во лице“, изјави Пјаниќ.

На тоа му одговори Куман.

Мислам дека малку е фрустриран и потполно разбирам што е разочаран. Во нашиот систем на игра, со и без топка, тој го изгуби местото од конкуренцијата. Пробавме, но другите играчи се многу подобри и тоа е тоа. Му посакувам се најдобро во Турција“, рече тренерот на Барселона.

 

ПретходноВо Африка е досуден најбрзиот пенал во историјата на фудбалот
СледноЕве како беше во Букурешт во март, време е за слатка одмазда! (ВИДЕО)