Одбојкарите денеска против Русија: Најдоброто нека биде за крај!

141

Откако останавме практично без шанси за продолжение во втората фаза на Европското прнство, денеска (16 ч.) македонската одбојкарска репрезентација ќе го одигра својот последен меч на за нас второто Европско во историјата. По четирите стартни порази од Финска, Холандија, Турција и Шпанија, момците на Душко Николиќ денеска како за крај ќе го имаат најсилниот противник.

Репрезентацијата на Русија која е еден од фаворитите за европскиот трон, по 4 кола е на 3. место на табелата во нашата група, затоа што изненадувачки беше поразена од Турција на стартот на првенството, а загуби еден бод и во 2. коло кога победи против Холандија со минимални 3:2. Потоа следуваа две победи од 3:1 над Финска и Шпанија во кои Русите потсетија на најдобрата форма и најавија дека полека влегуваат во ритам.

За нас тоа и не е најдобра вест, но фактот што денеска го имаме последниот меч на ова ЕП, треба да биде мотив плус да го дадеме најдоброто од себе. Предводени од капитенот Никола Ѓорѓиев кој е меѓу ТОП 5 најдобри поентери на првенството досега, Македонија денеска мора да го одигра својот најдобар меч на континенталниот собир. За нас и побед и пораз резултатски не менуваат ништо, но сликата која ќе ја оставиме на крајот на првенството треба да биде патоказ за иднината.

Затоа момци, денеска храбро и одважно. Достојно да се поздравиме со европскиот одбојкарски крем!

ПретходноВенгер ги собира екс-фудбалските ѕвезди за да го истурка планот за СП на секои две години
СледноМилевски против Романија почнува со истиот стартен состав од Рејкјавик!