Македонија низ целосна доминација против Романија, не успева да го најде патот до голот на романскиот гол Ница во првиот дел. Два обиди на Спировски и на Барди од далечина кои беа непрецизни, и две полушанси на Елмас и на Чурлинов, но сето тоа не донесе предност за нашата селекција.
Од друга страна, пак, Романците имаа и тоа како опасна шанса. Во 22. минута удар на Сореску, а Димитриевски со врвот на прстите изби во корнер и ја спаси Македонија од непријатности.