Почнува меморијалниот турнир „Анте Дуковски“

152

Во организација на кошаркарските клубови ТФT и Навико Академија ФМП, и во чест на истакнатиот кошаркарскиот работник Анте Дуковски во наредниот период од 8 до 12 септември, ќе се одржи меморијален кошаркарски турнир кој ќе го носи неговото име.

Турнирот ќе се игра во две групи, а на истиот покрај организаторите, учество ќе земат и екипите на Работнички, Феникс 2010, Куманово и Ангели.

Дозволен е влез на лимитиран број гледачи според важечките мерки за организација на спортски натпревари во затворено. Секој присутен во салата мора да поседува доказ за извршена вакцинација.

Распоред на натпреварите

Група A (сала СРЦ Kалe )

8 септември (среда)

18:30 – ТФТ – Феникс 2010

9 септември (четврток)

18:30 – TФТ – Работнички

10 септември (петок)

18:30 – Работнички – Феникс 2010

Група Б (сала „Независна Македонија“)

8 септември (среда)

20:30 – Навико Академија ФМП – Куманово

9 септември (четврток)

18:00 – Навико Академија ФМП – Ангели

10 септември (петок)

18:00 – Aнгели – Куманово

11 септември (Сабота)

17:00 (А1-Б2) – ПОЛУФИНАЛЕ-1

19:30 Б1-А2) – ПОЛУФИНАЛЕ-2

12 септември (недела)

17:00 – ЗА ТРЕТО МЕСТО

19:30 – ФИНАЛЕ

Завршницата на турнирот ке се игра во СРЦ „Кале“

ПретходноБарселона на чекор да ја загуби и најголемата кошаркарска ѕвезда
СледноИ во Битола ќе се игра ракомет пред публика