Првиот човек на грчкиот фудбал поднесе оставка по само пет месеци

128

Претседателот на Фудбалската федерација на Грција Тео Загоракис поднесе оставка од функцијата и тоа по само пет месеци откако беше назначен за прв човек на грчкиот фудбал. Капитенот на грчката репрезентација која го освои ЕП 2004 година и втор на листата по број на настапи за националниот тим не ги откри причините за заминувањето.

Но според локалните медиуми, 50-годишниот поранешен фудбалер не можел да ги изржи „внатрешните ривалства“ за контрола на Федерацијата поради кои не може да ги иплементира препораките добиени од УЕФА и ФИФА.

Се очекува по вечерашниот меч со Шведска, Загоракис да ја достави оставката до одборот на директори, а од таму според статутот, потпретседателот Панајотис Димитриу може да ги извршува должностите на претседателот извесен период до распишување на нови избори.

Инаку Загоракис победи на изборите со 66 гласови од можни 68. Тој доби поддршка од главните грчки клубови Олимпијакос, Панатинаикос, ПАОК и Арис…

 

ПретходноГризман со нов имиџ, Атлетико Мадрид му посака добредојде дома (ФОТО)
СледноМакедонија со убедлив пораз го заврши настапот на ЕП 2021