Радои: Имавме две цели вечерва, дојдовме само до едната

448

Мирел Радои, селекторот на Романија после мечот со Македонија кој заврши без голов, беше задоволен од играта на својот тим, и вели дека едната цел била исполнета, а таа е да не примат гол.

„Задоволен сум од играта, тимот беше добар на целиот терен. Имавме две цели. Едната беше победата, а втората да ја сочуваме мрежата до 70 минута, а потоа да отидеме во напад и да се обидеме да дојдеме до трите бода. Имаше и моменти кога можевме повеќе и да постигнеме гол.“, кажа Радои. 

Тој коментираше и за проблемите со кои се соочи романскиот национален тим пред овој меч.

„Две години се бориме со ковид, проблемот е тоа што мораме да имаме алтернативи, во овој период се соочивме со многу проблеми не само со болести туку и со повреди, и затоа треба да имаме алтернативен план кој треба да се решава 2-3 дена пред мечот“, рече Радои кој истакна дека и Романија и Македонија имаат шанси за тоа второ место во групата. 

ПретходноБоби е МИСТЕР Х!
СледноМилевски: На овие три меча Македонија одигра најдобар фудбал во историјата