Михаел Шумахер веќе осум години се бори за својот живот. По таа страшна несреќа во 2013 година, тој едноставно вегетира, а деновиве со свој коментар излезе и неговата сопруга Корина која посочи дека некогашниот светски првак во Формула 1 е подобар, но далеку од тоа дека е добар.
Сепак срцепарателчна порака имаше неговиот син Мик, кој сега вози во Формула 1 и тргнува по стапките на својот татко Михаел.
“Страшно ми недостига. Јас и мојот татко ќе се разбереме на поинаков начин, зошто говориме на сличен јазик. На јазикот на мотоспортот. Би имале многу теми на разговор. Околу тоа во последно време многу размислувам, ех, кога би можеле тоа би било супер. Сè би дал само мојот татко да може да зборува“ изјави Мик Шумахер.