Михаило Митров е последното засилување за ФК Тетекс во сезоната во ВМФЛ – ЗАПАД што е во тек. Денеска “штофарите“ го промовираа своето засилувања кое секако дека ќе го засили средниот ред. Инаку Митров, кој има 26 година доаѓа од Слога Виница. Претходно има настапувано за екипите на Борец, втората екипа на ФЦСБ, потоа Костанца, а играше и за екипите на Еуромилк, Кожуф и Металург.