Некогаш беше поим за голем клуб, за гигантски клуб. Сега веќе не е така. Ако твојот најдобар фудбалер прави се само за да си оди по секоја цена, и успева во тоа, тогаш работите не се како што треба кај тебе.
Се разбира дека мислиме на Јувентус, кој е во вистински хаос, пред се финансиски. Медиумите во Италија велат дека кризата во клубот, пред се од финансиски аспект го “дрма“ Јуве веќе четврта година по ред. А дека кризата со короната само го дотолчила. Долговите речиси никој не може да ги каже во детали колкави се точно, но дека за минатата година Јуве пријавил загуба од 190 милиони евра.
Токму и затоа Јуве мораше по секоја цена, па и минимална, да го продаде Кристијано Роналдо.
До пред некоја година Јуве важеше за страв и трепет во Италија, па и во Европа, а сега служи за потсмев.