Германскиот спортски весник „Спорт Билд“ известува дека судот во Минхен денеска го прогласи виновен поранешниот германски репрезентативец Џером Боатенг за напад на поранешната девојка во 2018 година. Таа го пријавила случајот кој заврши на суд, а денеска пресудата е дека дефанзивецот на Лион мора да и плати на жртвата отштета од 1,8 милиони евра или по 30,000 евра секој ден во наредните 60 дена.
Инцидентот се случил за време на одмор на Бахамите пред три години.
Боатенг е поранешен фудбалер на Баерн, а од ова лето е член на француски Лион.










