Дејан Манасков и Веспрем по освојувањето на СЕХА лига продолжија во победнички ритам.
На домашен терен го совладаа Чурго со убедливи 34-21. Триумфот, ракометарите на Веспрем го осигураа во првото полувреме по кое имаа предност од 17-11.
Македонскиот репрезентативец беше во составот на домашниот тим, постигна два гола од три обиди.
Коралес беше на ниво на задачата, запиша 20 интервенции.