Роналдо: Дојдов да освојувам трофеи, во следните 3-4 години можеме да направиме нешто големо

248

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед и со нетрпение го чека повторното деби во дресот на „црвените ѓаволи“. Португалецот ги кажа амбициите и изјави дека ќе се вратил за да освојува трофеи со тимот, а не на одмор.

Толку многу се радувам што се вратив. Со нетрпение го чекам првиот меч по враќањето на Олд Трафорд. Јас сум тука да освојувам трофеи. Тоа е причината – да победувам и да освојувам трофеи. Не дојдов на одмор. Претходниот пат беше добро, освоивме некои важни натпреварувања, а се вратив повторно да победуваме. Мислам дека можеме да постигнеме нешто големо за 3-4 години. Луѓето зборуваат за мојата возраст, но треба да знаат дека сум различен од другите. Тоа го покажувам од година во година. Сега сум по зрел, имам поголемо искуство. Спремен сум, а само Оле (Гунар Солскјер) треба да ме стави во игра“, изјави Роналдо.

Португалскиот ас треба да дебитира за Јунајтед на мечот со Њукасл на домашен терен во сабота.

ПретходноИсповед на екс-шведски репрезентативец: „Пет години ме плаќаа во клубот, а ништо не работев“
СледноБарди повреден се врати во Леванте, ќе го „прескокне“ Рајо Ваљекано!?