Се поизвесно е дека ФИФА разгледува опција Мундијалите да бидат одигрувани на секои две години, како и Европските првенства, а на тоа се спротивставуваат многумина, а меѓу нив и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Чеферин рече дека селекциите од УЕФА и од КОМБЕОЛ би го бојкотирале Мундијалот, ако се игра на секои две години.
Јужна Америка го има Копа Америка, а Европа ЕУРО, и секако е незамисливо да се игра големо првенство секоја година.
„Со таа идеја би се убил фудбалот. ФИФА мора прво да се консултира со континенталните федерации, потоа сојузи, а потоа да носи експерименти“, рече Чеферин за „Тајмс“.










