Швајцарските власти попуштија поради Кристијано Роналдо

364

Мначестер Јунајтед после долги преговори успеа да обезбеди 1.800 влезници за своите навивачи за гостувањето кај Јанг Бојс. Дуелот од Лига на шампиони се игра во вторник, а нешто порано швајцарските власти потенцираа дека не ги признаваат британските ковид-пасоши.

Сепак работите се променија, навивачите на Јунајтед сепак ќе можат да дојдат да ги бодрат своите миленици, ќе има брзо тестирање пред стадионот, а истото ќе чини 50 фунти.

Англсиките и швајцарските медиуми на големо пишуваат дека причината која Владата на Швајцарија се предомислила е дебито на Кристијано Роналдо на овој меч.

Јасно е дека интересот за овој дуел токму поради Португалецот ќе биде голем.

ПретходноСтанчиу: Не заслуживме повеќе од бод во Скопје, игравме против силен тим
СледноГолден Арт бара суспсензија од РФМ за Емилијан Ѓоргоски и за уште девет играчи