Освојувачката на сребрен медал на 200 метри од Токио и светска младинска шампионка Кристине Мбома го освои трофејот во Дијамантската лига на 200 метри. 18-годишната атлетичарка во финалниот турнир во Цирих триумфира со нов светски рекорд за девојки под 20 години и тоа од 21,78 секунди. Третата на 100 метри од Токио Шерика Џексон од Јамајка заврши втора со личен рекорд од 21,81 секунди, додека третопласирана е светската шампионка од Доха 2019 Дина Ашер-Смит.
Освојувачот на среброто на 200 метри од Токио кај мажите Кенет Беднарек од САД триумфираше во дисциплината на финалната трка од Дијамантската лига во Цирих. Тој истрча за време од 19,70 секунди. Втор заврши олимпискиот првак Анде де Грас од Канада, а трет заврши Фред Карли од САД со истрчани 19,83 секунди.










