Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед и со нетрпение го чека повторното деби во дресот на „црвените ѓаволи“. Португалецот ги кажа амбициите и изјави дека ќе се вратил за да освојува трофеи со тимот, а не на одмор.
„Толку многу се радувам што се вратив. Со нетрпение го чекам првиот меч по враќањето на Олд Трафорд. Јас сум тука да освојувам трофеи. Тоа е причината – да победувам и да освојувам трофеи. Не дојдов на одмор. Претходниот пат беше добро, освоивме некои важни натпреварувања, а се вратив повторно да победуваме. Мислам дека можеме да постигнеме нешто големо за 3-4 години. Луѓето зборуваат за мојата возраст, но треба да знаат дека сум различен од другите. Тоа го покажувам од година во година. Сега сум по зрел, имам поголемо искуство. Спремен сум, а само Оле (Гунар Солскјер) треба да ме стави во игра“, изјави Роналдо.
Португалскиот ас треба да дебитира за Јунајтед на мечот со Њукасл на домашен терен во сабота.










