Агуеро: Секој фудбалер би се откажал од пари за да игра за Барса

156

Напаѓачот Серхио Агуеро изјави дека не жали што од Манчестер Сити премина во Барселона на крајот на минатата сезона. Аргентинецот пристигна на „Ноу Камп“, а во меѓувреме каталонскиот клуб го напуштија Лео Меси и Антоан Гризман. Сепак, Агуеро не жали и со гордост ќе го носи дресот на повеќекратниот шпански и европски шампион.

Кога го напуштав Манчестер Сити се беше кристално јасно. Сакав да играм за Барселона и ништо друго не ме интересираше. Бев свесен дека во Барселона ќе добивам помалку пари отколку во Сити но бев решен да се откажам од голема плата за да дојдам на Ноу Камп. Мислам дека секој фудбалер би се откажал од пари за да игра за Барселона“, изјави Аргентинецот.

Агуеро ќе добива по 6 милиони евра годишно во Барселона, речиси четири пати помалку отколку во Сити.

ПретходноБаџо за формирање на Суперлига: На фудбалот му е потребна промена
СледноОзил си заминува од Фенербахче?