FOTO> Twitter/FIFA World Cup
Поранешната италијанска фудбалска ѕвезда Роберто Баџо запрашан за идејата за формирање на Суперлига во која би играле најбогатите и најголемите клубови изјави дека на фудбалот му е потребна промена. Фудбалскиот свет беше шокиран кога 12 европски клубови одлучија да ја формираат Суперлигата која беше експресно угасена. Сепак, три клуба: Реал, Барселона и Јувентус ја одржуваат во живот идејата за Суперлигата.
„Мислам дека на фудбалот му е потребна промена. Сепак, брзината со која пропадна проектот не натера да размислиме. Мора да отвориме нови хоризонти со нови проекти, а за тоа се потребни способни и амбициозни но и искусни луѓе. Разочаран сум што пропуштивме можност да изградиме нешто нужно, затоа што светот се менува, луѓето и телевизијата се менуваат. Како и да е, во секој процес насочен кон подобрување на нешто што постои, единствено нешто што е важно е дека може да им користи на сите, а не само на оние што размислувале за тоа. Мораме да создадеме спортска култура, па и култура во фудбалот, но никогаш не смееме да заборавиме дека тој им припаѓа на луѓето“, изјави Баџо за „Ревиста Либеро“.