Ескиќ: Брегалница е максимално организиран клуб!

381

По двонеделната пауза во ПМФЛ поради репрезентативните настапи, во недела се игра 6.коло од тековната сезона. Екипата на Брегалница ја чека тешко гостување, и тоа кај составот на Работнички, меч кој се игра на Арената во Скопје.

По триумфот над Академија Пандев, сега сите во таборот на штипските “сини“ посакуваат да продолжи тој тренд.

Фудбалерот за врска Никола Ескиќ за тоа што беше и за тоа што ја очекува Брегалница има свој коментар…

Мислам дека на наше задогволство, но и на задоволство на публиката, тој напревар со А. Пандев беше на врвно ниво. Интересен, полн со пресврти и на крај наша победа. Во ниту еден момент не се откажавме, и тоа вроди со плод“ констатира Ескиќ.

За дуелот со Работнички летното засилување на штипјани вели…

Како прво да кажам дека јас одлично се вклопив во клубот. Станува збор за максимално и професионално организиран клуб. Тоа ни дава мотиви на сите нас да бидеме уште подобри во иднина. Токму тој карактер и мотив што го имавме со А. Пандев треба да го покажеме и со Работнички во недела во Скопје. Покажавме дека имаме квалитет, јас како и секогаш и сега сум оптимист“ изјави Никола Ескиќ.

ПретходноБраќата Њокас од Металург со трансфер во Вардар!
СледноСолскјер потврди: Роналдо и дефинитивно утре ќе игра против Њукасл!