МЗТ Скопје А. поразен на првиот тест во Солун

154

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се поразени на пријателски меч во Солун од екипата на Ираклис со 76-62. Мечот бил прилично израмнет, а на полувреме домашните имале предност од само три поени (37-34).

Во продолжението разликата се зголемила, па на крајот Ираклис и убедливо ја доби средбата. Роберт Рикиќ и Дастин Вер со по 15 поени беа најефикасни кај „штрковите“, додека Адем Мекиќ постигна 14 поени.

За утре МЗТ Скопје Аеродром има уште еден тест во Солун против екипата на Арис.

ПретходноОдлични вести за Милан: За дербито со Лацио се враќаат Ибра, Кеси и Жиру
СледноБруклин има ново засилување, потпиша Пол Милсап