Тренерот на Брентфорд: Не разбирам зошто толку се „трескате“ по Роналдо, па тој има 36 години

1047

Менаџерот на Брентфорд Томас Франк не може да си ја објасни целата еуфорија околу преминот на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед. Тој смета дека на 36 години Португалецот не е играчот кој беше претходно иако се работи за врвен фудбалер.

Тој има 36 години. Се врати во Јунајтед и веднаш почна да се пишува дека тоа ги прави „црвените ѓаволи“ фаворити за титулата. Навистина, Роналдо можеби е делчето што недостасува во сложувалката на Јунајтед, но лудо е што им треба точно 36-годишен фудбалер. Точно дека тој е добар фудбалер, но мислам дека не е толку добар како што беше пред неколку години. Затоа не ја сфаќам еуфоријата околу него. Мора да е голема работа да се дојде во Премиер лигата, или барем мислам дека повеќето луѓе мислат така“, рече данскиот тренер.

 

 

ПретходноГалатасарај се пофали со 11-тиот нов играч ова лето
СледноБаџо за формирање на Суперлига: На фудбалот му е потребна промена