Феникс 2010 подобар од Работнички, Куманово славеше над Ангели

185

Кошаркарите на Феникс 2010 се последниот патник во полуфиналето на Меморијалниот кошаркарски турнир „Анте Дуковски“. Вечерва во натпреварот со Работнички, во продолженија, Фениск 2010 славеа со 94-88.

Мустафика со 23 поени беше најефикасен кај Работнички, додека кај победникот одлична партија имаа Џонс со 25 и Митревски со 17 поени.

Претходно, Куманово обезбеди место во полуфиналето, откако на искуство успеа да слави над Ангели со 73-63. Ненад Зивчевиќ со 18 поени и 10 скока беше најдобар кај Куманово, додека кај Ангели, Атанасов реализира 19 поени.

ПретходноПрвиот човек на Ла Лига: „Не загубивме со заминувањето на Меси, Роналдо, Нејмар, го имаме Винисиус“
СледноСпалети го има составот за Јуве: Елмас стартер против „Старата Дама“