Ботас ќе стартува прв на спринтот на Монца

127

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, беше најбрз во спринтер квалификациите пред трката за Големата награда на Италија на патеката Монца во шампионатот во Формула 1. Тој ќе стартува прв в сабота во спринтот, што ќе одлучи за бодовите во генералниот пласман, но и за пол-позицијата на трките во недела.

Втор најбрз беше шампионот Луис Хамилтон, исто така од Мерцедес, додека трет беше Макс Верстапен од Ред Бул, водечкиот во генералниот пласман.

Инаку, без оглед на резултатот што го постигна на спринтерската трка, Ботас ќе стартува како последен в недела кога е главната програма. Причината за тоа е одлуката на тимот да ја замени неговата погонска единица со целосно нова, и бидејќи е четврта, а возачите имаат три на располагање во текот на сезоната, тој е казнет со преместување во задниот дел на стартната листа.

Претходно“Специјалниот“ влегува во клубот – 1.000!
СледноПрвиот човек на Ла Лига: „Не загубивме со заминувањето на Меси, Роналдо, Нејмар, го имаме Винисиус“