Браќата Њокас од Металург со трансфер во Вардар!

1538

Неочекувано РК Вардар, како што пренесува порталот g-sport.mk доби големи засилувања и тоа во името на браќата Њокас. Имено тие си заминаа од Металург, а Вардар беше најбрз и едноставно ги “убеди“ да играат за црвено – црниот дрес. Секако дека Оливие и Кевин Њокас и тоа како ќе го зголемат квалитетот и конкуренцијата во тимот на стратегот Веселин Вујовиќ.

За овој трансфер на браќата Њокас се чека само на официјална потврда од РК Вардар.

Добро е тоа за Вујовиќ што француските ракометари имаат право веднаш да настапат за Вардар.

ПретходноТренерот на Тотенхем е најдобар за месец август во Премиер-лигата!
СледноЕскиќ: Брегалница е максимално организиран клуб!