Галатасарај се пофали со 11-тиот нов играч ова лето

287

Галатасарај донесе уште еден играч во своите редови, а се работи за поранешен член на младинскиот тим на Атлетико Мадрид, Густаво Асунсао. Се работи за 21-годишен дефанзивен фудбалер за врска кој изминатите две сезони играше за португалски Фамаликао.

Инаку доаѓа на позајмица до идното лето за која Галатасарај ќе плати само 100.000 евра со опција да го откупи договорот. Асунсао е роден во Бразил има и настапи за селекциите на Бразил до 17 и 23 години, а има португалско државјанство затоа што има потекло од Португалија.

Тој е син на веќе пензионираниот бразилски фудбалер Пауло Асунсао, екс-фудбалер на Порто, Атлетико Мадрид, Сао Паоло, Палмеирас и Ла Коруња.

Галата ова лето донесе 11 нови играчи: освен Асунсао другите се Виктор Нелсон, Александар Цикалдау, Беркан Кутлу, Олимпиу Моруцан, Барис Јилмас, Саша Беј, Патрик ван Анхолт, Ајтак Кара, Алпаслан Озтурк и Халил Дервисоглу.

 

 

ПретходноСерхи Роберто се согласил на нов договор и помала плата во Барселона
СледноТренерот на Брентфорд: Не разбирам зошто толку се „трескате“ по Роналдо, па тој има 36 години