Дураковиќ нов голман на Билис Балш

883

Македонскиот голман Мирза Дураковиќ, е нов член на албанскиот тим Билис Балш.

Дураковиќ денеска беше промовиран во тимот кој е дел од албанската втора лига, и предводен од македонскиот тренер Јетон Беќири.

Дураковиќ доаѓа од Португалија, каде настапуваше во минатите две години. Претходно бранеше во Кит Го, Еуромилк, Металург, а беше дел и од младинските категории на Вардар.

ПретходноСкопје го засилува средниот ред со Бразилец
СледноТрансфер вреден 100 милиони фунти: Деклан Рајс ќе биде замената за Погба во Јунајтед!