Фудбалската федерација на Македонија од 10. до 16. септември организатор на турнир за репрезентации до 17 години.
Селекцијата предводена од селекторот Тони Јакимовски на контролниот турнир на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се соочи со младите репрезентации на Србија и Кипар.
Првиот натпревар нашите фудбалери го играат против Кипар на 12. септември со почеток во 15:00 часот. Четири дена подоцна ќе одиграме меч против Србија, исто така на терените на т.ц. „Петар Милошевски“ во 11:00 часот.
Србија и Кипар својот меѓусебен дуел ќе го одиграат на 14. септември од 15:00 часот.
Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Тони Јакимовски за контролниот турнир во Скопје ги повика следните фудбалери:
Голмани: Самоил Талевски (Академија Пандев), Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Бехар Серахи (Шкендија);
Одбрана: Симеон Здравковски (Њу Старс), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Андреј Аризанковски (Победа), Марко Стојилевски (Вардар), Анес Малиќи (Шкендија), Хадис Таири (Њу Старс), Матеј Јаневски (Работнички), Давид Саботковски (Хелсинборг, Шведска);
Среден ред: Азис Јамини (Ренова), Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓоргијевски (Академија Пандев), Адријан Зенделовски (Малме), Мухамед Елмас (Работнички), Кире Стојанов (Академија Пандев), Зани Назифи (Шкендија), Омерфарук Сулејмани (Шкупи);
Напад: Енес Фидани (Рапид Виена, Австрија), Никола Манојлов (Работнички);
Собирот на селекцијата на Македонија до 17 години е денеска во хотел „Александар Палас“.