Меси реализира хет-трик и стана најдобар голгетер во Јужна Америка (видео)

333

По скандалот во Бразил, јужноамериканскиот шампион Аргентина брзо се рехабилитира и со 3:0 ја совлада Боливија во квалификациите за СП 2022. Мечот се одигра на стадионот „Антонио Веспучи Либерти“ во Буенос Аирес, а трите гола ги постигна Лионел Меси.

Со овој хет-трик Меси стана најдобриот стрелец во Јужна Америка со 79 голови и сега има два повеќе од второпласираниот Пеле, легендарниот бразилски голгетер од минатиот век. На третото место е актуелен бразилски напаѓач Нејмар кој стигна до 69 гола за Бразил од кои еден му е во победата на Бразил над Перу со 2:0 во квалификациите за СП во Катар.

Бразилците имаат осум од осум по 9. кола, да потсетиме дербито со Аргентина беше прекинато. Уругвај со 1:0 славеше над Еквадор со гол на Переиро во 90. минута.

Колумбија го совлада Чиле со 3:1 (Борха два, Диаз еден гол), за гостите стрелаше Менесес.

Парагвај – Венецуела 2:1 (Мартинез и Каку за Парагвај, Шанселор за гостите).

ПретходноВархолм три години е непобедлив на 400 метри со пречки
СледноТинејџерска „забава“ во финалето на УС Опен 2021!