Заминувањето на Лионел Меси од Барселона ги шокираше многумна. После 17 години си замина од „Каталонците“, и се реши да потпише во ПСЖ, откако немаше можност да остане дел од Барса.
Предтходно од Ла Лига си заминаа и Кристијано Роналдо и Нејмар, но според првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, тоа нема да го намали квалитетот на шпанското првенство.
„Не ме загрижува тоа што Меси, Роналдо, Нејмар си заминаа. Имаме млади играчи како Винисиус кој може да ги замени достојно“, кажа Тебас, со што ова предизвика бура од реакции во јавноста во Шпанија.