Македонскиот фудбалски „дијамант“, Елиф Елмас, најверојатно ќе биде стартер за Наполи на утрешниот дерби дуел со Јувентус во рамките на 3. Коло од Серија А.
Мечот се игра на „Стадио Диего Армандо Марадона, а и двата тима имаат огромни проблеми предизвикани од повреди и задоцнето враќање на играчите од репрезентативните обврски, особено на оние од Јужна Америка.
Пјотр Жиелински, Диего Деме и Станислав Лоботка сигурно нема да му бидат на располагање на Спалети за дуелот со „Старата Дама“, а според најавите од Апенините се очекува деби на поранешниот играч од средниот ред на Фулам, Ангуиса. Во тимот ќе се врати и Виктор Осимен, откако неговата суспензија од два натпревари беше преполовена.
Според најавите, Спалети на дербито со Јуве ќе почне со следниот тим: Оспина; Ди Лоренцо, Манолас, Кулибали, Марио Руи; Фабијан Руиз, Ангуиса; Политано, Елмас, Инсиње; Осимен