Жозе Мурињо или “специјалниот“ како што тој милува да го нарекуваат, во недела влегува во клубот – 1.000. Имено тој како стратег на Рома против Сасуло по илјадити пат ќе се предводи екипа на официјален натпревар.
Сепак Португалецот е далеку од рекордите на Алекс Фергусон со 2.155 меча или Арсен Венгер со 1.701, тој е на листата дури на 33. место.
Сепак и овие бројки се за почит и респект.
Инаку досега Мурињо беше тренер на Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и сега Рома. Со 25 трофеио важи за еден од најдобрите и најтрофејни во историјата на фудбалот.
Лигата на Шампионите ја освои со Порто во 2004 и Интер 2010 година.