Трансфер вреден 100 милиони фунти: Деклан Рајс ќе биде замената за Погба во Јунајтед!

518

 

Во таборот на Манчестер Јунајтед, како и меѓу фановитена овој клуб, сите се  во очекување на настапот или дебито на Кристијано Роналдо. Дали тоа ќе биде овој викенд на мечот со Њукасл или некој друг ден, останува да се види.

Инаку вчера и денеска медиумите во Англија се занимаваат и со тоа што ќе прави Пол Погба следното лето. Тој упорно ја одбива понудата за нов договор со Јунајтед и има намера следното лето како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид. Тоа бил неговиот сон.

Во случај така и да биде, тогаш Јунајтед во Деклан Рајс, дефанзивниот играч за врска на Вест Хем и англиската репрезентација ќе ја бара замената за Погба. Сепак тој чини 100 милиони фунти, цена која Манчестер Јунајтед би можел да ја плати.

ФОТО: vhufc.com

ПретходноДураковиќ нов голман на Билис Балш
СледноТурција и Ѓунеш се разделија по катастрофата од Холандија