Менаџерот на Брентфорд Томас Франк не може да си ја објасни целата еуфорија околу преминот на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед. Тој смета дека на 36 години Португалецот не е играчот кој беше претходно иако се работи за врвен фудбалер.
„Тој има 36 години. Се врати во Јунајтед и веднаш почна да се пишува дека тоа ги прави „црвените ѓаволи“ фаворити за титулата. Навистина, Роналдо можеби е делчето што недостасува во сложувалката на Јунајтед, но лудо е што им треба точно 36-годишен фудбалер. Точно дека тој е добар фудбалер, но мислам дека не е толку добар како што беше пред неколку години. Затоа не ја сфаќам еуфоријата околу него. Мора да е голема работа да се дојде во Премиер лигата, или барем мислам дека повеќето луѓе мислат така“, рече данскиот тренер.