Ѓорѓиев со гол првенец за победа на Теута

470

Нашиот интернационалец Пепи Ѓорѓиев со гол првенец во дресот на Теута му ја донесе стартната победа на својот тим во премиерниот меч од новата сезона во албанската Суперлига.

Ѓоргиев беше прецизен во 18 минута за водство на Теута на домашен терен против Партизани и со овој гол, домашните го решија победникот на мечот. Во составот на Теута се појави и Благоја Тодоровски, додека на клупата остана голманот Целевски.

Глигоров, Дамчевски и Белица беа во гостинскиот табор кај екипата на Партизани.

ПретходноСпалети го има составот за Јуве: Елмас стартер против „Старата Дама“
СледноМенди од Манчестер Сити останува зад решетки, судењето ќе почне по Нова година