Неочекувано Шкендија доби големо засилување во средниот ред и тоа во името на Арменд Алими. Имено иако трансферот во Приштина беше готов, остануваше само потпис од страна на некогашниот репрезентативец на Македонија, сепак во последен момент Алими одлучи да остане во Шкендија најмалку до јануари, можеби и до јуни кога му истекува договорот.
Тоа значи дека Кумановецот и тренерот Бруно Акраповиќ се смирија по оние несогласувања на мечот со Ренова и по него. Со Алими во средниот ред секако дека на Шкендија ќе и биде полесно да ја одбрани титулата, иако сезонава за ривал го има квалитетниот состав на Шкупи кој во пресрет на 6.коло во ПМФЛ е лидер на табелата.
Во вторник токму Шкендија и Шкупи под Шара ќе ги одмерат силите.