Македонскиот голман Мирза Дураковиќ, е нов член на албанскиот тим Билис Балш.
Дураковиќ денеска беше промовиран во тимот кој е дел од албанската втора лига, и предводен од македонскиот тренер Јетон Беќири.
Дураковиќ доаѓа од Португалија, каде настапуваше во минатите две години. Претходно бранеше во Кит Го, Еуромилк, Металург, а беше дел и од младинските категории на Вардар.