Елмас наместо на тренинг, во Рим по британска виза

1412

По завршувањето на интернационалните обврски, Елиф Елмас се врати во Италија. Но, не во Неапол, туку „дијамантот“ замина во Рим каде што треба да вади британска виза, за патување на натпреварот со Лестер во четврток во рамките од Лигата на Еворпа.

Тоа е проблем за тренерот Лучијано Спалети, а покрај Елмас во Рим е и Рахмани кој исто така ќе мора да мине низ визна процедура.

Дополнителна главоболка на Спалети му прават колумбиските играчи Оспина и Осимен, кои се враќат од Колумбија. А, Колумбија е на црвената листа на Британија, па тие во Британија би биле во десетневна изолација.

Затоа Наполи се обрати на УЕФА за решавање на овие проблеми.

ПретходноМакедонија У-17 против Србија и Кипар на турнир во Скопје
СледноВо недела во Струмица: Беласица на “Благој Истатов“, а “Пандевци“ на својот комплекс!