Куман за новиот напаѓач на Барса: „Де Јонг е многу поопасен од Нејмар“!

486

Иако го договорија пред девет дена, Барселона синоќа го претстави новиот играч во своите редови Лук де Јонг кој дојде како позајмен од Севиља. Холандскиот офанзивец ќе работи со тренерот Роналд Куман кој има само пофални зборови за играчот.

Лук е поинаков тип на напаѓач од тие што ги имаме и мислам дека секој тим би посакал таков фудбалер. Тоа им го кажав и на управата уште минатата сезона. Сакам да имам различен тип на напаѓачи. Сега имаме еден поинаков во своите редови. Видете, Лук е многу поопасен од Нејмар во нападот, во смисол дека подобро реагира пред противничкиот гол по додавање“, изјави Куман.

Де Јонг играше пет години во ПСВ, пред да премине во Севиља во 2019 година. Барса има право да го откупи договорот идното лето.

ПретходноТинејџерска „забава“ во финалето на УС Опен 2021!
СледноСерхи Роберто се согласил на нов договор и помала плата во Барселона