Серхи Роберто се согласил на нов договор и помала плата во Барселона

151

Серхи Роберто се договорил со управата на Барселона за продолжување на договорот, па тој ќе остане на „Ноу Камп“, пренесува „Мундо Депортиво“.

Првиот човек на клубот Хуан Лапорта соопшти дека се договорил со Серхи за нов договор и намалена плата и се чека само потпис на новиот договор.

„Ги завршивме преговорите. Договорено е се, документацијата е средена, а останува уште потписот на фудбалерот“, изјави Лапорта.

Инаку 29-годишниот Серхи е дете на Барселона, може да игра како бек и во средниот ред, а од 2006 година е во Барселона. За првиот тим дебитираше во 2010 и досега има преку 300 натпревари во сите конкуренции.

На почетокот на летото се пишуваше дека Барселона ќе го вклучи Серхи Роберто во преговорите за да го донесе Ајмерик Лапорте од Манчестер Сити но од тоа не излезе ништо. Инаку претходниот договор на Серхи со екс-шпанскиот шампион е до летото 2022 година.

 

ПретходноКуман за новиот напаѓач на Барса: „Де Јонг е многу поопасен од Нејмар“!
СледноГалатасарај се пофали со 11-тиот нов играч ова лето