Скопје го засилува средниот ред со Бразилец

891

Бразилскиот фудбалер од средниот ред Едисон Баијано, е ново засилување на екипата на Скопје. Станува збор за 24-годишен играч кој игра на повеќе позиции од средниот ред, а најчесто во офанзивниот дел.

Маринхензе од Португалија е негов последен клуб, а таму игра веќе седум години. Во минатото бил дел од Олханензе, Гафања, Туризензе, Оливеира, Беира Мар.

Како што информиравме, вчера Скопје се засили со стоперот Јола Запата од тимот на Спартак Москва Б.

ПретходноЦицмиловиќ: Не криеме, Воска Спорт против Вардар оди на победа!
СледноДураковиќ нов голман на Билис Балш