Тинејџерска „забава“ во финалето на УС Опен 2021!

321

Тинејџерките Ема Радукану и Лејла Фернандез ќе играат во финалето на престижниот УС Опен 2021. 18-годишната Британка Ема Радукану е првата квалификантка која стигнала до финале на Грен слем турнирот во Опен ерата. Радукану во полуфиналето ја совлада Гркинката Марија Сакари со 6:1 и 6:4.

Една година повозрасната Лејла Фернандез од Канада ја „исчисти“ Сабаленка од Белорусија во полуфиналето 7:6(3), 4:6 и 6:4 и првпат во кариерата се најде во ситуација да се бори за трофеј на еден Грен Слем турнир.

Инаку финалето е закажано за утре (сабота, 11.септември) со почеток од 22:00 часот по македонско време.

Да додадеме дека Радукану моментално е на 150. место на ВТА листата, а Фернандез е на 73. место.

Фернандез до финалето ги елиминира третата носителка Наоми Осака, потоа Анџелик Кербер (16-та носителка), па петтата носителка Елина Свитолина и втората носителка Арина Сабаленка.
Радукану ги „исфрли“ Вегеле, па Жанг, потоа Сорибес-Тормо, потоа тинејџерката Роџерс, па олимписката шампионка Белинда Бенчиќ, па Сакари.

ПретходноМеси реализира хет-трик и стана најдобар голгетер во Јужна Америка (видео)
СледноКуман за новиот напаѓач на Барса: „Де Јонг е многу поопасен од Нејмар“!