Тренерот на Тотенхем е најдобар за месец август во Премиер-лигата!

169

 

Еспирито Санто,стратегот на Тотенхем е прогласен за тренер на месец август во Премиер-лигата. Немаше никакви дилеми за ова, посебно ако се знае дека “спарси“ во првите три кола, кои се одиграа во август во најсилната лига во светот имаат три победи и се единствената екипа која има максимален учинок.

Тотенхем сезоната ја почна со победа над Манчестер Сити, потоа на гости славеше кај Вулфси, каде што беше Санто тренер пред да дојде во Тотенхем, а во третиот меч “спарси“ го победија Вотфорд.

Во недела Еспирито Санто и неговите момци ги чека гостување кај Кристал Палас.

ПретходноАлими и Бруно се смирија, Кумановецот останува во Шкендија најмалку до јануари!
СледноБраќата Њокас од Металург со трансфер во Вардар!