Кошаркарите на Феникс 2010 се последниот патник во полуфиналето на Меморијалниот кошаркарски турнир „Анте Дуковски“. Вечерва во натпреварот со Работнички, во продолженија, Фениск 2010 славеа со 94-88.
Мустафика со 23 поени беше најефикасен кај Работнички, додека кај победникот одлична партија имаа Џонс со 25 и Митревски со 17 поени.
Претходно, Куманово обезбеди место во полуфиналето, откако на искуство успеа да слави над Ангели со 73-63. Ненад Зивчевиќ со 18 поени и 10 скока беше најдобар кај Куманово, додека кај Ангели, Атанасов реализира 19 поени.