Чеферин: Нема да ми пречи Реал, Јуве и Барса да ја напуштат УЕФА!

165

И натаму продолжува “војната“ на релација УЕФА, односно Александер Чеферин и првите луѓе на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Клубови кои и натаму сметаат дејка треба по итно да се формира Суперлигата.

Мене лично нема да ми пречи тие да ја напуштат УЕФА. Мене навистина ми е чудно како тоа сакаат да формираат ново натпреварување а играат во Лигата на Шампионите. Тие клубови се обидоа да го убијат фудбалот благодарение на своите неспособни директори. Се жалат дека нема пари, дека се во тешка криза, а еве Флорентино Перез за Килијан Мбапе дава 180 милиони евра“ Чеферин “удри“ по првиот човек на Реал Мадрид.

ПретходноКуман вулгарно го коментираше заминувањето на Гризман: Тоа беше с**ње
СледноАлими и Бруно се смирија, Кумановецот останува во Шкендија најмалку до јануари!