Барселона е подготвена силно да тргне по потписот на играчот за врска на РБ Лајпциг , Дани Олмо во јануарскиот преоден рок.
Според ТВ каналот Еспорт3, каталонскиот клуб е подготвен да плати 70 милиони евра за 23-годишниот играч. Тој е приоритетна цел на Каталонците оваа зима.
На последниот ден од летниот преоден рок, Барса и Олмо се договорија за 5-годишен договор, но клубовите не успеаја да се договорат за откупната цена. Се очекува во блиска иднина клубот да започне преговори со Лајпциг.
Актуелниот договор на Олмо со германскиот тим истекува летото 2024 година.